Даниил Шишкарев и Тимур Дибиров со прекрасни погодоци го надмудрија расположениот Алиловиќ, погодоци кои ги однесе во Топ 5 погодоци во рамките на првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони. Погодоци кои на два пати ги крена на нозе присутните во СЦ „Јане Сандански“. Дибиров го зазеде третото место, а додека погодокот на Шишкарев е прогласен за најубав погодок ова коло!

Погодоците на Дибиров и Шишкарев, како и останатите три погодоци, може да ги погледнете ТУКА.