Ракометар на Металург 2, Димитар Димитриоски е играч на неделата (23.11.2015 – 29.11.2015). Ракометарот кој важи за еден од најмладите и најталентирани играчи е во одлична форма оваа сезона, со што со право може да се нарече дека е вистински предводник на младата екипа на Металург 2. Иако „плаво-белите“ беа поразни во Охрид, Димитриоски одигра одлична партија, постигнувајќи 9 погодоци, кои за жал не беа доволни за позитивен резултат на неговата екипа.

Резултатите од гласањето може да ги погледнете ТУКА.
*За оваа недела очекувајте нови кандидати веќе во понеделник!