Петар Ангелов – Диви својата кариера ќе ја продолжи во третолигашката екипа Ратинген во Германија. Екипа со која потпиша двегодишен договор, екипа во која игра репрезентативниот колега Ацо Јоноски, кој заедно со Диви ќе биде дел од тимот и наредната сезона.
Диви сезонава ја заврши во австрискиот прволигаш Кремс, во кој настапуваше и Влатко Митков кој исто така замина од Кремс и потпиша договор за екипата на Брегенц.