Македонската репрезентација на играчи до 21 година ги доби противниците за Светското првенство.
На прв поглед се чини дека нашите ракометари добија група во која можат рамноправно да се натпреваруваат со сите репрезентации. Македонија ќе биде дел од групата Ц и ќе игра со Шпанија, Тунис, Бразил, Буркина Фасо и Русија.
Во останатите групи ќе се натпреваруваат:
- Група А: Германија, Норвешка, Фарски Острови, Унгарија, Кореја и Чиле.
- Група Б: Франција, Данска, Катар, Египет, Словенија и Шведска
- Група Д: Хрватска, Исланд, Алжир, Саудиска Арабија, Аргентина и Мароко