На денешниот прес десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев изјави дека на првиот меч одиграле добро, но дека среќата не била на нивната страна. Затоа потенцираше за неделниот натпревар во Скопје дека треба да се отстранат сите грешки од тој натпревар, и да одиграат како што знаат, плус со големата поддршка од публиката, може да ја добијат Барселона.

„Мислам дека првиот меч беше добар, одигравме квалитетно, но ни требаше можеби малку среќа за да освоиме барем еден бод. Оваа седмица сме поодморени и пофокусирани, знаеме дека неделниот меч е многу важен за нас. Играме со европскиот првак, ќе биде тешко, но со поддршка од нашите навивачи имаме големи шанси за победа. Треба да отстраниме дел од грешките од првиот натпревар, ако одиграме 100% можеме да го победиме секој натпревар, во одбраната да ги неутрализираме главните играчи на Барселона. Најважно е ние да одиграме како што знаеме“ – изјави Душебајев.