Вечерва со почеток во 20:30 часот во Краков, Полска во познатата Таурон Арена, нашата репрезентација го игра првиот натпревар од втората главна фаза против репрезентацијата на Хрватска. Една од најголемите ѕвезди на хрватската репрезентација, бекот на Кил, Домагој Дувњак верува дека овој натпревар против Македонија ќе биде еден одличен и возбудлив меч. Во пресрет на овој вечерашен дуел, Дувњак го изјави следното:
,, Влегуваме во главната фаза со два бода, можевме и подобро, но кренати сме по одличната игра против Исланд, така што во добра атмосфера го дочекуваме дуелот со Македонците. Игравме со нив во ноември во Умаг, тоа беше добар меч. Ги гледавме и на ова првенство, играат многу добро, цврсто во одбраната и интелигентно во нападот. Секако, тука е Кире Лазаров, нивниот најдобар ракометар, така што сигурно добро ќе се подготвиме тактички. Ние имавме доста осцилации во првата група, но се надевам дека ќе продолжиме со ритамот што го игравме против Исланд. Да гинеме еден за друг, тоа е вистинската Хрватска и само со таков пристап можеме да влеземе во победничка серија на овој шампионат“
Селекцијата на Хрватска на табелата во групата е во предност затоа што од првата фаза пренесе 2 бода.