Денеска ЕХФ го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите за сезоната 2016/17, на точно 24 часа пред почетокот на Ф4 турнирот во Келн.
Раул Гонзалес е прогласен за најдобар тренер, а Алекс Душебаев е најуспешниот десен бек во оваа сезона во Лигата на шампионите. Гонзалес по историскиот успех и пласманот на Ф4 со РК Вардар, сосема заслужено го доби ова признание! Истотака, Душебаев со своите феноменалните игри оваа сезона, сосема заслужено беше избран за најдобар десен бек, пред македонските репрезентативец Кире Лазаров.
Идеалниот тим:
- Голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
- Лево крило: Уве Гензхајмер (ПСЖ)
- Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
- Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
- Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
- Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
- Пикер: Лудовик Фабрегас (Монпелје)