ЕХФ излезе со соопштение, со кое го објасни принципот по кој репрезентациите ќе учествуваат на предолимписките турнири за пласман во РИО.
Со што ЕХФ го потврди тоа што за нас е најважното:
„Ако една од шесте селекции (Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија и Словенија) кои веќе имаат обезбедено олимписка квалификација го освојат ЕП, или се второпласирани во случај Франција да биде шампион, тогаш Македонија како деветтопласирана од СП 2015 ќе се најде во еден од турнирите“
Вооедно ги објавија трите турнири, според кои Македонија дотолку се исполни горенаведениот услов, би го презела местото на Словенија во првиот турнир, каде се репрезенациите на Полска, Чиле и вицешампионот на Африка. Додека словенците би се префрлиле во вториот турнир, каде моментално се наоѓаат Шпанија, Германија и Иран.
- Прв Турнир: Полска, Словенија, Чиле, Африка 1.
- Втор Турнир: Шпанија, Германија, Иран, Европа 2.
- Трет Турнир: Данска, Хрватска, Европа 1, Бахраин.
Истотака како што претходно знаете веќе, РФМ испрати до ИХФ кандидатура за организација на предолимпискиот турнир, но истите ќе бидат разгледувани откако ќе завршат Европското и Африканското првенство, по што ќе биде позната и целокупната листа на учесници во овие турнири, кои ќе се одржат од 8 до 10 април 2016 година.