Еден од тројцата кружни напаѓачи на Еурофарм Работник, Елмир Граџан е оптимис пред денешниот натпревар на гости против Татран Прешов во рамките на Лигата на шампионите.
Елмир Граџан по повредата работеше во полн ритам и конечно е спремен да помогне на своите ракометари. Босанецот истакна дека во екипата силно се посакува првата гостинска победа во Лигата на шампионите, по што ова е вистинска прилика да се исполни тоа.
„Повредата за мене е минато, би требало да настапам против Татран Прешов на ова гостување. Против Татран Прешов жалиме што не победивме во Битола, но тие играа многу добро. Играа паметно, ги користеа сите наши грешки, па дојдоа до триумф. Како и да е, ние одиме сега пак да се надигруваме. Сакаме да победиме на гостински терен, ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас“ – изјави Граџан.
Натпреварот започнува во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.
Фото: Спортклуб.мк