На ЕП во Хрватска денес се играат натпревари од 3-то коло во групите Ц и Д. За нас секако најважен е натпреварот помеѓу нашата репрезентација и Германија. Натпревар кој ќе одлучува кој ќе биде прв во групата и кој ќе пренесе 4 бода, а кој 2 бода во главната фаза.

Распоред на натпревари:

Група Ц (Загреб)
  • Германија – Македонија (18:15 часот, ТВ Телма)
  • Црна Гора – Словенија (20:30 часот, ТВ Телма)
Група Д (Вараждин)
  • Чешка – Унгарија (18:15 часот)
  • Шпанија – Данска (20:30 часот)