Деновиве се вистински празник за љубителите на добриот ракомет. Социјалните мрежи се преплавени од црвено – жолти срциња кои ги симболизираат националните бои на нашата репрезентација. Македонците уште еднаш докажуваат дека се вистинска ракометна нација. Се навива речиси насекаде. Во Загребачка Арена, во кафичите ширум државава и пред малите екрани дома.
Долго посакуваната победа против екипата на Словенија уште толку ги распламти сите, а посебно македонските “ракометни експерти”.
А што би правел македонскиот ракомет без нив? Па тие се вистински мултитаскинг. Гледаат утакмица, пијат пиво и паралелно делат совети на Раул преку Фејсбук и Твитер :D (верувајте не е баш лесно!)
Во пресрет на второто коло и утакмицата која не очекува со репрезентацијата на Црна Гора ви предлагаме неколку хаштази на кои можете полесно и побрзо да ги следите сите збиднувањата поврзани со Европското Првенство во Хрватска. Па доколку сте корисник на некоја од социјалните мрежи искористете ги:
#ЕП2018
#макракомет
#НапредМакедонија
#СоСрцеЗаМакедонија
#EHFEuro2018
#Croatia2018
И за крај не заборавајте да навивате на најгласно и да споделите по некој ваш експертски коментар.
За многу голови!