На денешната ждрепка во Виена, ракометарите на Еурофарм Работник го добија норвешкиот Фелинген Берген за противник во 1/8 финалето во Челинџ купот.
Еурофарм дебитираше во европските купови оваа година, каде со две победи го елиминираше литванскиот Гранитас Каунсас. Истотака со две победи, во претходната фаза норвешката екипа беше поуспешна од Вогошча (БиХ).
Првиот натпревар од 1/8 финалето на Челинџ Купот ќе се игра на 10/11 февруари во Битола, додека реваншот е закажан за една недела подоцна.