Ракометарите на Еурофарм Работник обезбедија 1/8 финале во Челинџ купот, откако вечерва по втор пат славеа над литванскиот Гранитас Каунас, со 23:29. Откако на првиот натпревар на домашен терен издвојуваа победа од 28:24, вечерва на гостински терен ја повторија својата одлична игра и покажаа дека се подобар противник од литванскиот Гранитас Каунас.

Предводени од искусниот стратег Илија Темелковски, со една бавна игра и долги напади, дојдоа до уште една победа, за радост на сите љубители на македонскиот ракомет.

Најефикасни кај Еурофарм Работник беа Ојлески со 7 и Граѓа со 5 постигнати погодоци.

Со ждрепката што ќе се одржи на 28-ми ноември во Виена, ќе бидат одредени осминафиналните двојки во Челинџ купот и ќе биде познат следниот противник на Еурофарм Работник. Еден од потенцијалните противници е претставникот на Луксембург, Ред Бојс Диферданж кој од клупата го предводи Данило Брестовац, а во составот е Дарко Георгиевски.

Честитки до сите ракометари!