еурофарм работник ехф група

На денешната ждрепка во Виена, Еурофарм Работник доби незгодни противници во рамките на ЕХФ Купот, екипите на Хановер, Татабања и Нексе.

Македонскиот претставник во својот деби настап обезбеди учество во групната фаза со две победи против швајцарскиот Берн (29-19, 30-28) во последното квалификациско коло.

Во Битола ќе доаѓаат бундеслигашот Хановер кој оваа сезона игра многу послабо откако претходната сезона и се наоѓа на 10-то место, екипата на Татабања од Унгарија која минатиот месец го совладата гигантот Веспрем во унгарското првенство и Нексе од Хрватска кој е во одлична форма и го држи првото место во СЕХА лигата.

Битолчани ќе имаат тешка задача пред себе и ќе треба максимално да се подготви следните два месеци за сите ривали, бидејќи натпреварите започнуваат на 9 февруари. А само најдобрите од секоја група ќе се најдат на завршниот турнир, кој ќе се игра во Магдебург на 19 и 20 мај 2019 година.

ГРУПА А: Фуксе Берлин, Ла Риоха, Сен Рафаел, Балатонфуред

ГРУПА Б:
Хановер, Татабања, ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, Нексе

ГРУПА Ц: Порто, Холстебро, Куенка, Констанца

ГРУПА Д: Гранолјерс, Азоти Пулави, Кил, ГОГ