Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва загубија на гостувањето во Прешов (31:29), забележувајќи го 5-тиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.
Идентично како и на првиот натпревар во Битола, повторно ја гледавме истата слика. Израмнета битка, во која Работник имаше шанса за дојде до победата, но повторно падови во завршницата и нов загубен натпревар.
Лошо отварање на натпреварот со прв погодок дури во 5-тата минута, за потоа да се вратат во игра и свртат резултатот во своја полза. Но, не за кратко. Бидејќи домаќините со нова серија ги искористи грешките на Работник, и заминаа на полувреме со минимална предност од 15-14.
Во второто полувреме иста слика. Домаќините играа во едно исто темпо, а нашите ракометари имаа добри периоди со серии од 3-0 и 4-0, но постојано после секоја серија имаше пад во играта. По што во 51-вата минута од натпреварот, Татран ја имаше највисоката позитива од 27-23. Но, битолчани се вратија и се доведоа во ситуација да се изборат за ремин, но сепак безуспешно.
Најефикасен на натпреварот беше Остроушко со 8 постигнати погодоци. По овој натпревар, Еурофарм Работник падна на последното место во групата Ц, единствен со два бода.
Група Ц – Сезона 2019/2020
Позиција | Екипа | Вкупно | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 9 | 6 | 3 | 0 | 15 |
2 | ![]() | 9 | 5 | 2 | 2 | 12 |
3 | ![]() | 9 | 6 | 0 | 3 | 12 |
4 | ![]() | 9 | 3 | 0 | 6 | 6 |
5 | ![]() | 9 | 2 | 1 | 6 | 5 |
6 | ![]() | 9 | 2 | 0 | 7 | 4 |
Фото: Екипа.мк