Во нашата спроведена анкета „Кој ќе биде новиот Европски првак во Лигата на шампионите?“, резултатите од гласањето беа скоро едногласни, дури 81% гласаа дека Вардар ќе биде новиот шампион во Лигата на шампионите.

Резултатите од анкетата може да ги п роследите на следниот ЛИНК.

Дали овие желби на љубителите на македонскиот ракомет ќе станат реалност, ќе видиме уште денеска од 18:00 часот, кога ќе се игра вториот полифунален натпревар Вардар – Барселона.

Првиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на ПСЖ и Веспрем ќе се одигра од 15:15 часот, со директен пренос на МРТ.