Филип Лазаров ги надмина проблемите со повредата на мускулот и ќе се врати во составот на Македонија за утрешниот дуел против селекцијата на Шпанија.

Но, нема да го заземе местото на Велко Маркоски, кој го замени пред Германија, туку на пикерот Никола Маркоски, кој од трибините ќе го следи дуелот во Вараждин.

Филип Лазаров на двете средби во групната фаза постигна 5 погодоци од исто толку обиди кон противничкиот гол.