Македонската сениорска репрезентација во првиот пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, забележа победа од 28:14. Следуваат уште два натпревари, но тие ќе бидат затворени за јавноста.

Повратникот во репрезентацијата, Филип Миркуловски кој пред неколку месеци се повлече, вели дека тимот има светла иднина, но сè уште има напорна работа:

„Треба да сме задоволни, игравме први добри 20 минути од прво полувреме, водевме со 6-7 голови разлика. Сè уште сме малку тешки, имавме напорни тренинзи, имаме уште десетина дена да ни “легне“ сè. Верувам дека нозете ќе ни бидат полесни и ќе ги решиме тие полу-контри и контри. Мислам дека ќе се справиме и со тие осцилации во играта бидејќи ова е сепак прв натпревар, има доста нови играчи. Лино ротираше доста што е и добра. Сите го дадоа својот максимум, треба да сме задоволни. Имаме добра иднина. Ни преостануваат уште 8-9 дена да се подготвиме и да започнеме со Тунис“ – изјави Миркуловски.