филип миркуловски еп 2018

Во исчекување на скратениот список, од Германија доаѓа би рекле непосакувана вест. Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски нема да биде во составот на македонската репрезентација на претстојното Светско првенство во Германија и Данска.

Иако и претходно најави дека планира да стави конечен крај на репрезентативната кариера, средиот бек денеска и официјално потврди дека нема да игра на СП во јануари.

„Многу ми е жал. Но, тоа е тоа. Влечам многу повреди и не сум подготвен да одиграм на ниво на кое што треба да сум и на кое што сите очекуваат да сум. Им посакувам на момците многу среќа и пласман во Олимписки квалификации” – изјави Миркуловски за g-sport.mk.

Македонската репрезентација првиот собир во рамките на подготовките за Мундијалот ќе го има во понеделник во 16:30 часот. Со кои ракометари ќе работи Гонзалес останува да биде познато или во текот на утрешниот ден или најдоцна до понеделник.