филип миркуловски еп 2018

Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски беше еден од главните ракометари на вчерашниот натпревар против Чешка, кој за жал го загубивме со 25:24.

Миркуловски видно разочаран по натпреварот, не можеше да го со крие фактот дека оваа генерација пропушти одлична шанса за извонреден пласман на ЕП во Хрватска.

„Што да кажам. Имаме квалитет, имаме искуство, имаме навивачи зад нас…, ама ни недостасува карактер. Тоа се виде и сега против Чешка кога требаше само рутински да го приведеме мечот во наша полза. Мислам дека загубивме одлична шанса за висок пласман. Ова беше последна можност на оваа генерација за висок дострел на Европско првенство. Сакам да им честитам на дел од помладите кои покажаа дека Македонија има ракометна иднина и кои денеска одиграа квалитетно“ – изјави Миркуловски