Денеска ЕХФ го објави идеалниот тим за групите Ц и Д во Лигата на шампионите, каде македонскиот репрезентативец, Филип Талески и избран за најдобар лев бек.
Филип Талески како вистински предводник на нападот во Металург, со своите постигнати 41 погодоци сосема заслужено се најде помеѓу најдобрите. Посебно се истакна победата на Металур против екипата на Елверум во Скопје, кога постигна 13 погодоци од вкупните 18 постигнати погодоци на натпреварот (18:17). Како и против екипата на Татран Прешов, кога „плаво-белите“ славеа со 26:10, а Талески постигна 10 погодоци.
Идеалниот тим на групите Ц и Д:
- Голман: Сирил Думулин (Нант)
- Лево крило: Магнус Браминг (Холтесбро)
- Лев бек: Филип Талески (Металург/Рајн Некар Левен)
- Среден бек: Николас Клер (Нант)
- Десен бек: Јуре Доленец (Монпелје)
- Десно крило: Давид Балагер (Нант)
- Пикер: Лудовик Фабрегас (Монпелје)