Македонскиот репрезентативец и играч на РК Металург, Филип Талески потпиша три годишен договор со актуелниот германски шампион Рајн Некар Левен, со важност од 2018 година. Раководството на германскиот шампиони е во преговори со Металург, за можноста Талески порано од јуни 2018 година да го облече дресот на Рајн Некар Левен. Но, додека тоа не се случи, Талески продолжува да ги брани боите на македонскиот вицепрвак, РК Металург.
„Секој млад играч сонува за игра во Бундес-лигата, го избрав Рајн Некар Левен не дека е најдобар клуб во Германија, туку дека е еден од најдобрите клубови во Европа“ – изјави Талески за официјалниот сајт на Рајн Некар Левен.
Раководството на германскиот клуб изразува воодушевеност што Талески го одбрал токму Рајн Некар Левен за следна станица во кариерата.
„Воодушевени сме што Филип го одбра Рајн Некар Левен. Тој е голем талент и сака следниот чекор во кариерата да го направи со нашиот клуб“ – истакна спортскиот директор, Оливер Рогиш.
„Филип е нашата иднина, а можно е тој да пристигне во клубот и побрзо од јуни 2018 година. Во оваа насока имаме разговори со неговиот сегашен клуб“ – изјави извршниот директор на Рајн Некар Левен, Џенифер Кетеман.
МакРакомет го поддржува Филип Талески во својата одлука и му посакува многу успеси, најпрво во РК Металург и македонската репрезентација, па понатака во германскиот гигант Рајн Некар Левен.
Среќно!