Денеска ЕХФ му додели уште едно признание на капитенот на Металург, Филип Талески со кое го смести меѓу 5-те млади ракометари во Лигата на шампионите, рангирајќи го на високото второ место.

Луѓето од ЕХФ, македонскиот репрезентативец и носител на играта на Металург го нарекоа “Младото оружје на Металург“ и додадоа:
„Сè уште има простор за раст кај Талески, физички и тактички. Едно е сигурно, младото оружје на Металург е име кое нема да биде заборавено во блиската иднина“ – напишаа ЕХФ на својот официјален сајт.

Со 25 постигнати погодоци на 5 натпревари во ЛШ и со просек од 5 погодоци по натпревар, Филип Талески е убедливо најдобар стрелец на Металург и единствен кој се најде во идеалниот тим на едно коло во Лигата на шампионите.

Топ 5 млади ракометари за сезоната 2016/17:

  1. Недим Ремили (ПСЖ)
  2. Филип Талески (Металург)
  3. Џери Толбринг (Кристијанштад)
  4. Лукас Нилсон (Кил)
  5. Вуко Борозан (Вардар)