Последната пречка на Вардар до пласманот на Фајнал 4 турнирот е екипата на Фленсбург.
Ако се погледнат резултатите и генерално настапите на оваа екипа сезонава, како во ЛШ, така и во германското првенство, веднаш станува јасно дека силата лежи во колективната игра и тимскиот дух. Извонредниот тренер Врањеш, слично како и пред 4 години кога ја одведе екипата до пехарот во ЛШ, и овој пат создаде екипа за почит, која иако некако од сенка, атакува на самиот врв. Тоа се виде веќе во групната фаза. Во исклучително тешката група, Фленсбург “скапо ја продаде кожата” против трите големи фаворити (Веспрем, Барселона и ПСЖ) и заслужено се најде на 4-то место.
Како во натпреварите по групи, така и во 1/8 финалето, и покрај веќе споменатите силни противници, Фленсбург покажа дека подеднакво добро игра и на домашен терен и во гости, и декам токму тој квалитет е она што треба повторно да го донесе на врвот на ракометна европа.
Играчки, Врањеш изгради еден балансиран, рамноправен и искусен тим, кој во секој дел од мечот знае што сака и не ја губи главата, независно од резултатот.
Прв стрелец на екипата е германецот Гландорф со 47 погодоци, кој заедно се Егерт и Тофт Хансен се предводници на поискосниот дел на екипата. Покрај нив, значаен дел од тимот се и швеѓанецот Ване и французинот Мае, како и скандинавците Могесен, Шмит и Сван. Балкански шмек на екипата и даваат Србите Радивојевиќ и Ѓорѓиќ, кои го надополнуваат овој интернационален состав.
Вреди да се напомене дека на голот е Андерсон, кој доколку влезе во форма, може да биде сериозна опасност за Вардаровите играчи.
Првиот меч од четвртфиналниот дуел Фкенсбург – Вардар, е денес со почеток во 17:30 часот.
*Директен преност на МРТ