„Црвено-црните“ се враќаат со голема победа од Германија, каде со една одлична игра успеаја да слават над екипата на Фленсбург со резултат 24:26. Минимална победа, но многу значајна во пресрет на реванш натпреварот во Скопје, кој ќе се одигра во четврток (27 април).

Ракометарите на Вардар одлично го отворија натпреварот, цврсто во одбраната и максимално сконцентрирано во нападот. Не давајќи му на противникот лесно да стигне до погодок, а кога ќе стигнеше до шанса, тука беше маестралниот Арпад Штербик тоа да го спречи (8 интервенции во првото полувреме). Тренерот на Фленсбург, Љубомир Врањеш беше приморан уште по 10 минути игра да го побара својот прв тајмаут, при резултат 1:3. Но, тоа не донесе никаква промена во нивната игра, туку „црвено-црните“ продолжија со својата игра и постепено го зголемуваа водството, за по 20 минути игра да го имаат највисокото водство од 6 погодоци (6:12). Вардарци во последните 10 минути продолжи со својата игра и не дозволи на ракометарите на Фленсбург да го намалат водството, и на полувреме да заминат со високи 9:15.

Во второто полувреме вардарци продолжија со својата игра и го контролираа резултатот до 45-та минута. Кога после контровезните одлуки на судиите и исклучувањата, ракометарите на Фленсбург успеаја да направат серија од 3-0 и да дојдат со само 3 погодоци разлика во 20-та минута. За потоа во последните 10 минути, ракометарите на Вардар влезат конфузно и да направат неколку технички грешки, но повторно на голот Штербик блескаше и не дозволи да се доближат на германците резултатски, а вардарци да го вратат водсвото од 21:26. За потоа следуваше повторно пад во играта, каде Вардар не постигна гол цели 5 минути, по што германците го намалија водсвото за конечни 24:26 и голема победа на вардарци!

Штербик повторно беше еден од најзаслужните за оваа голема победа, завршувајќи го натпреварот со 16 интервенции.

Најефикасни на натпреварот беа Лука Циндриќ и Алекс Душебаев со по 5 постигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасен беше Јохан Јакобсон со 6 постигнати погодоци.