РФМ на машката ракометна репрезентација им ја исплати премијата од 30.000 евра, за пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска.
Македонија го освои првото место во групата во првата фаза на ЕП, со две победи против Словенија и Црна Гора и реми против Германија и обезбеди место во најдобрите 12 репрезентации во Европа. Во втората фаза во Вараждин, македонската репрезентација претрпе три порази и на крај заврши на 11-тото место.
Ракометарите следниот викенд, во неделата на ЕХФ ќе го имаат првиот собир на кој ќе одиграат еден контролен натпревар против репрезентацијата на Русија за старт на подготовките пред јунскиот бараж за СП 2019.