Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски го понесе признанието за најдобар играч на Тулуз во минатиот месец. Георгиевски одигра одлични партии во месец април, со што заслужено беше избран од навивачите на Тулуз.
Георгиевски на ПСЖ им даде 7 погодоци, додека на Данкер 8 погодоци.
„Им благодарам на навивачите што ме избраа мене. Ова ми дава дополнителна мотиивација да пружам подобри партии до крајот на сезоната, да го дадам максимумот за доброто на екипата“ – изјави Георгиевски за официјалниот веб-сајт на францускиот клуб.