Македонската репрезентативка, Елена Георгиевска од романската Баја Маре, се сели во Унгарија во екипата на Вац. Екипа која во моментов е на 6-то место во унгарското првенство, екипа во која Георгиевска ќе ја заврши оваа сезона. За потоа се одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера во новата сезона.
Причина за заминувањето на Георгиевска е тоа што екипата на Баја Мара ја смени својата клупска политика, со што преферира да остане само романски тим, поради што ги брка странските засилувања.
„Оваа полузесона ќе ја одиграм во Вац, а потоа ќе видиме како ќе биде“ – кратко изјави Елена Георгиевска за порталот Телеграф.
МакРакомет и посакува многу среќа и успех во новиот клуб!