Македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Борко Ристовски одиграа одлични натпревари во своите екипи, но сепак на крајот беа поразени.
Гоце Георгиевски имаше забележителен настап во дресот на Тулуз, постигнувајќи 7 погодоци, кои сепак не беа доволни за победа на неговата екипа. Тулуз го загуби натпреварот со 33:29 на гостувањето кај Иври во рамките од француското првенство, со што се задржа на 10-то место на табелата со 14 бодови, или само 2 повеќе од екиpaта на Иври.
Ништо поразлично и кај Борко Ристовски, каде во дерби натпреварот на Рајн Некар против Фленсбург, нашиот репрезентативец забележа 11 интервенции, сепак недоволни за позитивен резултат. Рајн Некар покрај поразот, сепак сеуште се наоѓа на првата позиција, со 2 односно 3 бода повеќе од Кил и Фленсбург, но и натпревар повеќе. Со што се очекува неизвесна завршница и голема борба во Бундес лигата …