Екипата на Ѓер е првиот финалист на Ф4 од женската Лигата на шампиони што се одржува во Унгарија, откако со убедлив резултат од 26:20 го совладаа тимот на ЧСМ Букурешт. А, за да биде и финалето реприза од лани, на потег е Вардар кој ќе треба да го победи Ростов Дон во вториот полуфинален дуел што стартува од 18 часот во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта.
Натпревар во кој ракометарките на Ѓер успешно ја затворија Неагу и беа неприкосновени во нападот. Романките до самиот финиш на натпреварот се трудеа да го свртат натпреварот, но очигледно искуството на Ѓер не дозволи тоа да се случи. Па во последните 10 минути, веќе беше решен натпреварот.
Најефикасни на антпреварот кај Ѓер беа Нике Грот со 7 постигнати погодоци, Анита Горбиц и Стине Офтендал со по 5 постигнати погодоци. Додека кај ЧСМ Букурешт, најефикасна вообичаено беше Кристина Неагу со 6 постигнати погодоци.