Синоќа по убедливата победа на нашата репрезентација над Јапонија, нашите репрезентативци го следеа натпреварот помеѓу Шпанија и Бахреим за да си создадат некаква слика за нашиот втор противник на ова Светско првенство.
Десното крило, Гоце Георгиевски предвидува поинаков тип на натпревар, со тоа што апелира максимално да се пристапи на натпреварот.
„Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен. Бахреин е непознаница, никогаш не сме играле против нив. Нема лесни ривали, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој ривал, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле… За разлика од Јапонците играат поагресивна одбрана, мислам дека ќе ни биде многу тешко“ – изјави Гоце Георгиевски.