Македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски потпиша тригодишен договор со екипата на ЧСМ Букурешт, клуб во кој настапува Наумче Мојсоски, а од клупата е предводен од Звонко Шундовски.
Георгиевски својата одисеја во Тулуз ја завршува со крајот на сезоната во Франција. Сепак неговите одлични игри во екипата не беа доволни како замена за миленикот на домашната публика и воедно капитенот Пјерик Шеле, кој се врати во составот после повредата.
„Разгледував неколку варијанти, но понудата од ЧСМ Букурешт беше најдобра. Знам дека три години се многу, но реков, ми се допаднаа условите и прифатив“ – изјави Георгиевски за порталот Телеграф.
Во комбинација биле екипите на Брест од Франција и Гепинген од Германија, но условите на романскиот ЧСМ Букурешт биле најприфатливи за нашиот репрезентативец.
Среќно Џомба!