Македонскиот репрезентативец, Гоце Ојлески одигра одлична партија во романското првенство. Каде со својот тим, Одорхеи ја совлада екипата на Фокшани со 33:28. Натпревар во кој Ојлески постигна 7 погодоци, и заедно со Горан Кузмановски кој постигна 3 погодоци, дадоа голем придонес за овој триумф.
Екипата на Одорхеи се наоѓа на втората позиција на табелата во романското првенство, со 36 освоени бода.
Истотака мора да се напомене дека и Наумче Мојсовски полека фаќа ритам во романскиот ЦСМ Букурешт, каде на последниот натпревар против Баја Маре во кој победија убедливо со 34:18, Мојсовски постигна 3 погодоци.