Македонија вечерва загуби во клучниот натпревар на СП во Германија и Данска од репрезентацијата на Исланд со резултат 22:24. Пораз по кој нашата репрезентација за прв пат на едно СП ќе игра во „Президент Купот“ и ќе разигрува за место од 13-то до 16-то.
Селекторот, Раул Гонзалес веднаш после натпреварот призна дека исланѓаните биле подобри од нас денеска и дека заморот ги стигнал на крајот.
„Честитки до тимот на Исланд за добрата игра. Беше тешко за нас, игравме 100%, во првото полувреме бевме одлични, но во вториот дел се изморивме во дуелите со нивната цврста одбрана. Да бидеме искрени, тие беа подобри од нас денеска. Се обидовме да ја минеме групата, но не успеавме. Пробавме со седум на шест, потоа и со шест на шест, имавме шанса до самиот крај благодарение на одбраната и на одличниот Борко, но и тоа не беше доволнo“ – изјави Раул Гонзалез.
Фото: Спортмедиа