раул гонзалес

Тренерот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес иако не го криеше задоволството од победата над Црна Гора, сепак беше приземјен и изјави дека сите ракометари се заслужни за големата победа на Црна Гор. Денес ќе одмараат, а веќе утре ќе заборават се и ќе се спротистават на актуелниот европски првак, Германија.

„Кога победуваме, тогаш победуваме сите. Кога губиме, губиме сите. Сите сме заслужни за ова, не треба да бараме поединци. Ако игравме како во првото полувреме, немаше да се радуваме на крајот од натпреварот. Горд сум што ја променивме ситуацијата и што освоивме четири бода. Денеса ќе уживаме, а утре ќе заборавиме се. Ќе размислуваме на Германија, тоа е многу силен тим. Сакам прво да анализираме, а потоа ќе зборуваме за детали“ – изјави Гонзалес.