Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес вечерва одреди кои 16 ракометари ќе играат против Словенија, а кои ќе останат на трибините.
Златко Даскаловски, Велко Маркоски и Гоце Ојлески отпаднаа во првиот филтер и ќе ја чекаат својата шанса како замена, во некој од понатамошните натпревари.
Македонија утре со почеток од 19:30 против Словенија го почнува настапот на Европското првенство.
Списокот од 16 ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани:
- Борко Ристовски
- Никола Митревски
Бекови:
- Кирил Лазаров
- Филип Миркуловски
- Филип Талески
- Немања Прибак
- Филип Лазаров
- Филип Кузмановски
- Аце Јоновски
- Мартин Велковски
Крила:
- Дејан Манасков
- Гоце Георгиевски
- Мартин Поповски
Пикери:
- Стојанче Стоилов
- Жарко Пешевски
- Никола Маркоски