Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес ги одреди 16-те ракометари за натпреварот против Исланд во рамките за квалификациите на ЕП 2018 во Хрватска. Од 19 репрезентативци што беа поширокиот список, ќе бидат на трибините тројцата помлади ракометари: голманот Мартин Томовски, десниот бек Мартин Велковски и десното крило Мартин Поповски.
По првите две кола Македонија и Исланд имаат по една победа и еден пораз, по што овие два меѓусебни дуели ќе бидат од голема важност во борбата за првите две места во групата што носат пласман на ЕП 2018 во Хрватска.
Список на ракометари:
- Борко Ристовски
- Дејан Манасков
- Гоце Ојлески
- Гоце Георгиевски
- Стојанче Стоилов
- Никола Маркоски
- Филип Лазаров
- Жарко Пешевски
- Кирил Лазаров
- Влатко Митков
- Филип Талески
- Филип Кузмановски
- Велко Маркоски
- Филип Миркуловски
- Никола Митревски
- Марко Нелоски
Натпреварот започнува од 20:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ со директен пренос на МРТ
Гостувањето е три дена подоцна во Рејкјавик, на 7 мај.