Селекторот, Раул Гонзалез го објави конечниот список од 19 ракометари кои ќе настапат на Европското првенство во Хрватска. Во Скопје ќе останат голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник, Горан Крстевски.
Конечниот список за ЕП Хрватска 2018:
Голмани:
- Борко Ристовски
- Никола Митревски
- Златко Даскаловски
Бекови:
- Кирил Лазаров
- Филип Миркуловски
- Филип Талески
- Немања Прибак
- Филип Лазаров
- Филип Кузмановски
- Аце Јоновски
- Велко Марковски
- Мартин Велковски
Крила:
- Дејан Манасков
- Гоце Георгиевски
- Гоце Ојлески
- Мартин Поповски
Пикери:
- Стојанче Стоилов
- Жарко Пешевски
- Никола Маркоски
Утре рано ракометарите заминуваат за Загреб, каде на 13-ти Јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против репрезентацијата на Словенија.
Среќно!!!