Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двете бараж средби за пласман на СП 2019 против селекцијата на Романија.
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски и Јане Цветковски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски и Томислав Јагуриновски.
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески и Димитар Димитриоски.
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски и Костадин Петров.
Сениорската машка репрезентација средбите од баражот за СП против Романија ќе ги одигра на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот ќе се одигра во градот Клуж.