На денешната прес конференција на РК Вардар за саботниот натпревар против Веспрем, во рамките од 1/4 финалето од Лигата на шампионите своја изјава дадоа тренерот Раул Гонзалес и Стојанче Стоилов.

„Против Веспрем треба да играме една силна одбрана, ако сакаме нешто повеќе. Тие имаат многу квалитетни, паметни, крупни и искусни играчи, можат лесно да креираат брз контра напад. Ние треба да играме добро 60 минути, ги анализиравме секако ни треба помош од навивачите. Не треба да мислиме со каква разлика ќе победиме, не знаеме како ќе заврши, но знам дека сакаме и треба да победиме, тоа е нашиот фокус, првиот меч. Од друга страна, ќе има притисок, треба да внимаваме на Палмарсон, Наѓ, Илиќ, Чема Родригез, ќе биде неизвесно“ – изјави Раул Гонзалес.

„Ја имаме последната пречка на патот кон Ф4, nеколку пати игравме со нив, добро ги познаваме, но и тие нас, ја имаат фаворитската улога, мислам дека одбраната ќе го одлучи победникот. Играме дома и одиме на победа против европскиот вицешампион Веспрем“ – изјави Стојанче Стоилов.

Натпреварот ќе се одигра во сабота, со почеток од 16:00 часот.

Фото: www.24rakomet.mk