Македонскиот селектор, Раул Гонзалес не знае за пораз!
Вечерва ја предводеше нашата репрезентација до огромно реми против актуелниот првак Германија.
Покажа уште еднаш дека е одличен селектор, одлично тактички спремен!
Селектор кој направи една екипа која има карактер, екипа која може да се носи со сите репрезентации!
Не ја криеше својата радост и да ги пофали сите играчи:
„Тајната е во тоа што ова е извонредна група на играчи, ракометари на кои им е чест да играат за својата земја и кои секогаш даваат се за репрезентативниот дрес. Работиме напорно од првиот ден, знаеме што сакаме и еве – доаѓа резултат. Јас сакам да кажам дека сум горд што сум селектор на Македонија“ – изјави Раул за порталот Екипа.
Капа доле маестро, продолжи така!
Фото: екипа.мк