Ракометарите на РК Вардар во недела го игра својот последен натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, против германскиот великан Кил кој пристигна во Скопје со минимален пораз 28:29 кој го претрпе во „Шпаркасен арената“.

„Црвено-црните“ се свесни дека ништо не е завршено и дека оваа минимална предност ништо не значи. Дека мора и на неделниот натпревар да одиграат на едно високо ниво и повторно да се пласираат на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

На денешната прес-конференција, тренерот Раул Гонзалес посочи дека Германците имаат капацитет да победат во Скопје

„Ова е второ полувреме, во првото победивме со еден гол разлика, но Кил има квалитет да победи во Скопје. Ќе биде многу тешко за нас, но играме пред нашите гледачи, во нашата сала и треба тоа добро да го искористиме. Тие играа одбрана 3-2-1 во Германија и не изненадија малку со тоа. Сите сакаме уште еднаш да играме на фајнал-форот, но знаеме дека патот ќе биде тежок. Многумина мислат дека ќе поминеме лесно, но притисокот е врз нас. Се надевам на добра игра и добра претстава која ќе биде доволна за Ф4“ – изјави Гонзалес.