Селекторот на македонската машка репрезентација, Раул Гонзалес по денешниот утринскиот тренинг изјави дека се подготвени за утрешниот натпревар против Словенија, а конечниот список од 16 ракометари ќе го објави вечерва после техничкиот состанок.
„Дојде времето за првиот натпревар. Досега беше едно, игравме пријателски натпревари, тренинзи и се беше без притисок. Сега доаѓа на ред натпреварот со Словенија, тоа е добра репрезентација, освојувач на медал од последното Светското првенство. Со почетокот на првенството доаѓа и притисокот, а кога се игра под притисок, се изгледа поинаку. Но, ние сме подготвени и мислам дека ќе одиграме добар натпревар. За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20.00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре“, смета Шпанецот“ – изјави Гонзалес.