Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес вечерва му зема мерка на својот поранешен учител Талант Душебаев по втор пат. Ако лани можеше да каже дека беше единствениот што го победи Киелце со двоцифрена разлика, сега може да се пофали дека втор пат во низа го доби европскиот првак.
„За нас ова беше многу важен натпревар против европскиот шампион. Киелце и Талант Душебаев минатата сезона направија голема работа. Игравме против европскиот шампион со голема мотивација. Што се однесува до натпреварот, во првиот дел не бевме најдобри. Кјелце играше добро во нападот, беше тешко да се сопрат Агинагалде и Бомбач. Во вториот дел игравме многу подобро. Арпад Штебрик имаше неколку добри одбрани, реализиравме неколку контри и беше многу подобро. Им честитам на моите играчи кои беа супер вечерва и завршија многу добра работа. Ги имавме вечерва Штербик, Карачиќ, Алекс Душебаев кои имаа многу добар меч“ – изјави Раул Гонзалес по триумфот на Кјелце.
Ракометарите на Вардар во следното коло ќе му гостуваат на Рајн Некар.