Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес утревечер ќе има специјален натпревар во Вараждин, каде ќе се сретне со неговите сонародници предводени од Жорди Рибера.
Во пресрет на тој натпревар, Гонзалес очекува искусниот пикер на шпанската репрезентација Хулен Агинагалде да игра против нас. Иако тој одигра само 10 минути на претходните натпревари на Шпанија, поради болки во кичмата.
„За мене е чудно што со репрезентацијата на Македонија ќе играм против Шпанија, моите пријатели се таму, ќе биде интересно. Тоа што сум Шпанец нема да биде некоја предност за нас, сите добро се познаваме, играчите се тие, ги знаеме. Сме се среќавале многу пати со екипите во кои играат, Шпанија добро не знае нас, ние ги познаваме нив и тука нема тајни. Шпанија играше многу добро досега како и секогаш, очекувам против нас да игра и Агинагалде, едноставно мора да ризикуваат. Тој е многу важен играч за нив и сигурен сум дека ќе настапи во недела“ – изјави Гонзалес.