Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес се одлучи за 19 ракометари за турнирот во Белград, на кој нашата репрезентација ќе игра против селекциите на Саудиска Арабија и на Србија.
Два контролни натпревари, на кои Македонија ќе ги проверува силите пред Европското првенство во Хрватска, а на нив ќе ги нема Мартин Томовски и Горан Крстевски.
Првиот натпревар ќе се одигра на 4-ти Јануари (четврток) против Саудиска Арабоја, а вториот натпревар на 5-ти Јануари (петок) против репрезентацијата на Србија.