Во недела Вардар ја пречекува Барселона во рамките од 8-то коло од Лигата на шампионите. Вардарци минатата недела загубија со еден разлика на гостувањето кај Барса, но овој пат подготвени се за реванш, но до остварување на целта ќе се дојде само со максимално залагање и добра игра.
„Минатата недела одигравме добар натпревар, но не и најдобар, загубивме со еден разлика. Имавме збиен распоред, патувања, бевме уморни, ракометарите имаа и репрезентативни обврски.Оваа недела трениравме добро, имавме повеќе време за подготовка. Мораме да дадеме максимум, да одиграме добро и во одбрана и во напад и во контранападите. Ако одиграме како што треба и ако ја имаме потребната поддршка од публиката која многу ни помага можеме да победиме. Барселона има многу силен тим, никогаш не се знае кој играч ќе има свој ден. Треба да бидеме подготвени за сите. Многу важно ќе биде да го добиеме овој натпревар.”– изјави Раул Гонзалес на денешната прес конференција.
Гонзалес истотака потврди дека Абутовиќ и Стоилов тренираат, но нивниот настап во недела е неизвесен.