Тренерот на шампионот РК Вардар, Раул Гонзалес по крајот на сезоната ќе се раздели со „црвено-црните“ и ќе замине во францускиот гигант, екипата на ПСЖ.
„Јасно е дека сум среќен што ќе бидам во Париз од следната сезона. Не можам да кажам многу, се уште сум тренер на Вардар до крајот на сезоната. Повеќе ќе можам да коментирам за неколку недели“ – изјави Раул Гонзалез францускиот портал (handnews.fr).
Веднаш по овие информации, македонската јавност се запраша дали ова заминување од РК Вардар, ќе значи и заминување од македонската сениорска репрезентација. Но, тоа Раул гонзалес веднаш изјави дека ќе остане во репрезентацијата, со која има договор до 2020 година.
„Останувам селектор на Македонија, ќе ги комбинирам двете функции. Имам договор со Македонија до 2020 и имам намера да го испочитувам“ – изјави Гонзалез.