По вчерашниот пораз на нашата репрезентација, денес ги чека нов натпревар против репрезентацијата на Исланд.
Во пресрет на натпреварот голманот на Исланд, Густавсон призна дека натпреварот со Јапонија бил тежок и дека сега фокусот бил само на Македонија.
”Одигравме навистина тежок натпревар против доста упорна и мудра репрезентација, која е предводена од одличен тренер. Беше тешка борба, но најважно е што стигнавме до победата. Сега ни останува да се фокусираме на нашиот следен предизвик а тоа е Македонија. Ќе биде тоа тотално различен натпревар од тој со Јапонија. Многу емоции, напревар кој ќе биде финале за двете репрезентации, многу емотивен. Двете репрезентации имаат неверојатен меѓусебен респект, Македонија има топ ракометари и е предводена од еден од најдобрите тренери на светот. Мора да бидеме подготвени за се. Имаме голем број на видеа, едноставно подготвени сме за овој натпревар. Фокусирани сме за тоа што не очекува утре, а верувам дека е така и во спротивниот табор.“ – изјави Густавсон
За квалитетот на голманот на Исланд, Густавсон може да погледнете во следното видео: