Денес тренерот на Веспрем, Хавиер Санате изјави за официјалниот сајт на ЕХФ дека работата со Вардар сеуште не е завршена. Дека и покрај победата во Скопје од 26:29, мора неговите ракометари да бидат максимално сконцентрирани и да не дозволат да бидат изненадени на домашен терен.

„Работата со Вардар сеуште не е завршена. Јас воопшто немам сомнение дека ќе очекува тежок дуел со Вардар за да го обезбедиме нашето место во Келн. Тие имаат врвен тим со врвен тренер и јас им кажувам на моите играчи дека не смеат да загубат ни малку концентрација бидејќи тоа може да донесе голем проблем против таков силен противник. Раул Гонзалес сигурно ќе се обиде да не изненади со некој мајсторски потег. Мора да бидеме подготвени да одговориме на нивниот план“ – дел од изјаваната на Хавиер Сабате.

Вардарци денеска заминаа за Веспрем, без промени во составот. Деревен остана во Скопје, а на Раул Гонзалес му останува да одлучи во сабота дали ќе излезе со три голмани или пак со Филип Лазаров кој ја надмина повредата на десната дланка.

Натпреварот ќе се одигра во сабота од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ.